Петар Печков
Објавено: недела, 05 април 2026
Скопјанецот Ф.Н. (38 год) кој пренесувал марихуана со тежина од 65 кг доби притвор од 30 дена, информираа од Основен суд Велес за за второт лице уште се работи.
ОЈО Велес оствори истрага против него и второто лице, кавадарцачецот Ј.М. (55 год) кој помагал во дистрибуцијата. Двете лица се осомничени за кривичното дело „Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ од член 215 став 1 од Кривичниот законик за кој е предвидена казна затвор од 3 до 10 години.
Осомничените заеднички вршеле недозволен транспорт на околу 65 килограми марихуана, а биле откриени во петокот на наплатната рампа Стоби, во близина на Градско.
„Првиот осомничен, 38-годишен скопјанец, со автомобил со скопски регистарски ознаки ја пренесувал дрогата спакувана во четири големи црни патни торби. Вториот, 55-годишен жител на Кавадарци, во улога на “чистач” односно претходница со друго возило имал задача да предупреди за евентуални контроли“ – соопштија од ОЈО Велес.
Акцијата "заседа" на автопатот "Пријателство" во близина на Градско за спречување на дистрибуцијата на марихиуаната била реализирана од службеници од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал (ОСОСК) при МВР во содејство со САЕ Тигар.
„Полициските службеници при ОСОСК и САЕ Тигар на наплатна рампа Стоби, забележале сомнително движење на патничко возило "сеат алтеа" со скопски регистарски ознаки, при што возачот на даден знак да застане со цел да биде легитимиран, со голема брзина се дал во бегство во правец кон Градско. За кратко време полициските службеници го пристигнале и пристапиле кон негово легитимирање и извршиле преглед на наведеното возило. Од извршениот преглед на патничкото возило "сеат алтеа" управувано од Ф.Н. пронајдени и одземени се четири црни торби, во кои биле сместени вкупно 65 кеси со растителна материја со вкупна тежина од 65 килограми и два телефонски апарати“ – соопштија од МВР.
Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Велес доставил предлог за определување мерка притвор за првиот осомничениот Ф.Н. кој бил прифатен.
| Tweet |




