Петар Печков
Објавено: четврток, 21 мај 2020
ОЈО Велес информираше за спроведување истражна постапка против скопјанецот А.Б (26 год). поради тоа што поседувал пиштол, за кој немал дозвола. Лицето се сомничи дека сторил кривичното дело – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи.
Осомничениот вторникот на 19.-ти мај во својот патнички автомобил Фолксваген голф 5 кој лично го управувал, во просторот под воланот каде се наоѓа механизмот за подесување на висината на воланот, држел огнено оружје – пиштол, марка Берета – Арми Рома со калибар 7,65 мм, во кој имало и рамка со 8 куршуми. Оружјето е пронајдено од страна на полициски службеници на СВР Велес при преглед на автомобилот на автопатот Велес -Скопје, кај наплатната станица Отовица - информираа од ОЈО Велес.
Поради опасност од бегство, можност за попречување на истрагата со влијание врз сведоци- сопатниците во автомобилот и поради оправдан страв дека осомничениот ќе го повтори делото, по предлог на јавен обвинител, судија на претходна постапка на Основен суд Велес на осомничениот му определи притвор во траење од 30 дена.
Tweet |