Петар Печков
Објавено: недела, 01 декември 2024
Основното јавно обвинителство Велес донесе Наредба за спроведување истражна постапка против три лица – еден осомничен за извршување (С.Т. 49 год) и две лица (Д.С. 43 год) и (Р.С. год) за помагање при сторување на кривичното дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик. Са ова дело е предивделна казна затвор од 3 до 10 години.
„Првоосомничениот 49-годишник, во неговата куќа на улицата “Петар Алчев” (на кривините кон Којник) во Велес, преработувал наркотична дрога кокаин и тоа од чист кокаин во крек кокаин. Во тоа со умисла му помагале 33-годишна велешанка и 43-годишен велешанец, кои престојувале во неговиот дом, така што му ставиле на располагање средства за извршување на делото. При претрес во куќата биле пронајдени 994,8 грама чист кокаин“ – соопштија од ОЈО Велес.
Надлежниот јавен обвинител до судијата за претходна постапка од Основен суд Велес, предложил мерка притвор за двајцата помагачи и нив судија им одредил мерка притвор од 30 дена по сите основи, можност да влијаат врз сведоци, да побегнат или го повторат делото. За првоосомничениот, со оглед на неговата здравствена состојба и неподвижност, предложена е мерка куќен притвор со дополнителни мерки на претпазливост за обезбедување присуство и спречување на секаков контакт со останатите двајца осомничени.
Оваа акција на велешката полиција и обвинителство доаѓа откако за една седмица во Велес починаа двајца зависници.
Tweet |