речник контакт

Прифатени проценките за пожар, поплави и пороен дожд, кој го зафатија велешко лани летото

Советот на Општина Велес, ги прати до Владата, која ќе одлучи во кој процент ќе бидат обесштетени. Вкупната сума е 692.177 за 24 пријави

Петар Печков

На седница на Советот на Општина Велес, беа прифатени четирите извештаи од Комисијата за проценетата штета од невреме  и пожар, кое во четири наврати го зафати велешко, во периодот  јули - август 2023 година

На 1 јули поради силен ветер и големи количества дожд, стигната е една пријава за оштетено лозје. Проценетата штета е 10.452 денари.

На 4 јули  поради силен ветер и пороен дожд пристигнати се три пријави, за една оштетени викенд куќа, покрив од гаража и четири летниковци од утостителски објекти. Проценетата штета е 208.978 денари.

На 27 јули поради пожар, оштетено лозје на две површини, во месноста викана Бојаџиина чешма. Проценета штета е 29.119 денари.

На 20 август поради силен ветер, пороен дожд и поплави пристигнати се 18 пријави. Од нив шест се за оштетувања на автомобили, по пет за ошетувања на станбени згради и опрема за домаќинство, и по една за викенд куќа и за објект за вонстопанска дејност. Проценетата штета е 443.628 денари.

Сите овие извештаи ќе одат пред Владата, која ќе одлучи во кој процент ќе бидат обесштетени, граѓаните кои пријавиле штета во овие елементарни непогоди, четири во текот на два месеци од летото 2023 година. Вкупната сума е  692.177 за 24 пријави.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »