речник контакт

При теренската вакцинација во велешко аплицирани 2,3 илјади вакцини за заштита од ковид-19

Но некои места имаше висок одѕив, на други немаше заинтересирани

Петар Печков

Заврши теренската вакцинација во велешко, која започна на 12-ти јули а траеше се до крајот на месец август. Екипите на Здравствен дом Велес посетија педесетина населени места од три општини, Велес, Градско и Чашка.

За месец и половина аплицирани се  2.314 вакцини „Синовак“.  Во општина Чашка  каде беа посетени најмногу 24 села  975 вакцини, во општина Градско  со осум населени места -573 и во велешко 766 за 16 села.

„Некои од лицата кои не примија втора доза вакцина на терен, дојдоа во пунктот во Здравствен дом и беа вакцинирани.  Деновие има голем прилив на граѓани од населени места каде  при террнската вакцинација, немаше интерес , сега самоиницијативно доаѓаат во пунктот и се вакцинираат“ - кажа д-р Марина Тодоровска, координатор на вакциналниот пункт.

Но некои места имаше висок одѕив, како што е  Градско, каде се потрошија сите 160 вакцини, додека пак во Горно и Долно Јаболчиште само пет лица беа заинтересирани  да бидат вакцинирани. 

Во соседната општина Лозово, вакцинацијата ја спроведе екипа на Здравствен дом Свети Николе а таму најголем интерес имаше во населбата  Лозово, каде екипа беше во пет наврати да ги вакцинира жителите и биле аплицирани околу 200 вакцини.

АНКЕТА »

На што се греете зимава?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »