Петар Печков
Објавено: петок, 16 март 2007
Со откривање на спомен биста родниот Велес ја одбележа 100 годишнината од раѓањето на актерот Петре Прличко.
Пред многу негови сограѓани, колеги актери, роднини на семејството, бистата ја открија градоначалникот на Велес Аце Коцевски и авторот скулпторот Томе Серафимовски.
Во инспиративното обраќање на свечената академија, театрологот Јелена Лужина најави дека сега Прличко се враќа во родниот град,
- Кариерата ја започна и ја заврши во Велес. Токму тука ја одигра првата ролја но ја одигра и последната проштална претстава „На сечило“. Помеѓу тие два значајни настани кои симболично го затвараат професионалниот и животен друг на еден од најмаркантните балкански и европски актери, се наоѓаат ролјите кои се клучни за развојот на македонскиот театар а ги одиграл Прличко - рече Лужина.
Таа низ бројки напомна дека за 66 години актерство тој одиграл најмалку осум илјади театарски претстави. При тоа четири и пол децении Прличко го толкувал Арсо во „Чорбаџи Теодос“ 262 пати го играл Јеротие во „Сомнително лице“ и 203 пати Митке во „Коштана“. За филмскиот опус на Прличко зборуваше филмологот Илинка Петрашевска, според која легендарните Манданата од „Мис Стон“, Фезлиев од Црнила, стрико Тале од „Мирно лето“ и редица други ликови, создадоа од Перица легенда и мит.
- Сценаристите пишуваа улоги за него, режисерите сакаа да ?аботат со него, колегите сакаа да им биде партнер а тој си тераше по свое, пред камерата играше според творечкиот инстинкт и така ги создаде улогите за паметење - изјави Петрушевска.
Тој има остварено 18 улоги во македонски играни филмови и 13 во филмови од екс-југословенските кинематографии.
Откривањето на бистата на Петре Прличко е овековечување на уште една незаобиколка и осведочена личност и ова е миг за паметење, момент од првостепено значење не само за македонскито театар туку и за националната култура, наше оддолжување кон актерот, со овие зборови ја откри бистата театрологот Иван Ивановски.
Истата е лоцирана во Младинскиот парк, изработена е од академскиот склуптор Томе Серафимовски и е донација од АД Фершпед и АД Македонија Турист.

Tweet |