речник контакт

Прободен ученик во УЗУС

С.Ј. е прободен со нож во грбот, но за среќа нема сериозни повреди и е на домашно лекување. Дали и овој пат настрада ученик по грешка?

Петар Печков

Ученик во средното училиште Коле Неделковски од Велес е прободен со нож, но среќана околност е што  при нападот не повреден  витален орган. Инцидентот се случил околу 10,50 минути во холот од училиштето а истиот е снимен со безбедносните камери со чија помош СВР Велес најавува дека ќе го открие сторителот. Ученикот С.Ј. ( 17 год) од велешкото село Каратманово е примен во велешката Болница, згрижен, санирана му е раната, и е пуштен на домашно лекување.

Околу 11 часот во нашата Болница беше донесен ученик повреден со ладно оружје нож во левата страна од грбот. Среќна околност е што убодот бил накосо, паралелно со ѕидот на градниот кош и ја расекол мускулатурата и не повредил ниту еден внатрешен орган. Извршено е снимање и откако не се констатирани сериозни повреди, на барање на пациентот е пуштен на домашно лекување – изјави д-р Весна Чадиева портпарол на велешката Болница.

Од  СВР Велес велат дека располагаат со информации од безбедносните видео камери на училиштето, за сторителот и превземаат мерки за негово пронаоѓање и приведување. По целосното расветлување на случајот тие ќе поднесат соодветна пријава. Осомничениот бил исто така ученик во друго училиште во градот, но не можат да зборуваат за мотивот и причините за инцидентот.  Учениците од УЦО Коле Неделковски, кои биле сведоци на настанот го опишуваат С.Ј, прободеното дете, како мирно и дисциплинирано и дека тој бил по грешка нападнат. Напаѓачот, кој според присутните ученици бил ученик од Гимназијата Кочо Рацин е од велешкото село Горно Јаболчиште.

Тој му пријде за време на одморот на еден ученик, кој стоеше заедно со С.Ј. во холот и му се закани зошто ги пријавил во полиција, оти го пријавил дека го натепал преде неколку месеци. Напаѓачот гласно викаше и се закануваше за во еден момент да С.Ј. да му се заврти и го праша,, шо гледаш бе ти,, ? Детето не одговори ништо, па напаѓачот извади нож и му го зари во грбот и избега. Ние притрчавме да помогнеме, викнавме професори па го однесоа во Болница. Тоа е многу мирно дете и добар другар – велат ученици од Коле Неделковски кои биле сведоци на настанот.

Тие посочуваат дека нема ден а во училиштето да не се случи тепачка и дека полицијата постојано е  присутна на пладне и вечер кога наставата завршува по смени.  Директорот на училиштето поради овие проблеми, веќе имал закажано родителска средба за петок на која требало да се реши дали да се ангажира физичко обезбедување и Агенција за да се елиминираат ваквите инциденти. Есеноска во Велес поради нетрпеливост се случија неколку тепачки на учениците од Коле Неделковски и Димитрија Чуповски, кои завршија со повреди а двајца од нив и во Болница.

 Општина Велес и градоначалникот Горан Петров го осудија овој инцидент, за кој велат дека е изолиран и редок, но сепак делува вознемирувачки. Локалната власт најавува дека тие и надлежните институции, ќе превземат соодветни мерки за тој да на се повтори.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »