речник контакт

Продолжена забраната за движење низ шума и овој месец

Забраната се продолжува поради на зголемената опасност од појава на шумски пожари на отворен простор

Петар Печков

Продолжена забраната за движење низ шумите. Новиот рок е до крајот на месец септември, информираа од ЈП Македонски шуми. Целосната забрана за движење во шума стапува на сила од 01.09.2026 година и ќе трае до 30. 09. 2026 година. 

„Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, по барање на ЈП Национални шуми – Скопје, согласно член 57, став 3 од Законот за шумите, даде согласност за продолжување на целосна забрана за движење во шумите и шумското земјиште во периодот од 00.00 до 24:00 часот, на територијата со која стопанисува јавното претпријатие. Забраната се воведува со оглед на зголемената опасност од појава на шумски пожари на отворен простор“ – соопштија од ЈП Македонски шуми. 

Целосната забрана за движење во шумите и шумското земјиште не важи за:
- Министерството за внатрешни работи, 
- Министерство за одбрана, 
- Шумската полиција, 
- Центарот за управување со кризи, 
- Дирекцијата за заштита и спасување, 
- Државниот инспекторат за шумарство и ловство, 

ЈП Национални шуми, субјектите што вршат шумскостопански активности, шумски работи и заштита на шумите, и лица коишто имаат писмено одобрение за движење во шумите со кои управува ЈП Национални шуми - Скопје. 

Движењето ќе биде дозволено единствено со писмено одобрение издадено од подружниците на ЈП Национални шуми – Скопје за подрачјето со кое стопанисуваат/управуваат.

За спроведување на забраната одговорни се вработените од ЈП Национални шуми кои вршат дејност заштита, Државниот инспекторат за шумарство и ловство, Шумската полиција и МВР. 

За движење низ парк шумите и Националните паркови, граѓаните да се информираат кај правните субјекти кои управуваат со овие територии.

АНКЕТА »

Каде го минавте летово?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »