речник контакт

Продолжува вакцинацијата против сезонскиoт грип

Вакцина против сезонски грип аплицираат и здравствени работници, кои доаѓале самоиницијативно

Петар Печков

Продолжува вакцинацијата против сезонскиот грип во Центарот за јавано здравје Велес.   Бесплатна вакцина се однесува за хроничните болни, лицата на 65 годишна возраст, трудници и деца до шест годишна возраст

„Има заинтересираност кај граѓаните. Добивме термини за бесплатна вакцинација, има количини и од комерцијалната. Вакцина против сезонски грип аплицираат и здравствени работници, кои доаѓаат самоиницијативно“ - изјави д-р Весна Николовска Неделкова,   директорка  на Центарот за јавно здравје.

Заинтересираните кои сакат да примат комерцијална треба да платат 800 денари. За Велес има обезбедено 300 вакцини и тие за овие шест работни дена не се потрошени. Ист е случајот и со градовите кои ги покрива ЦЈЗ од Велес, Кавадарци, Неготино, Гевгелија и Свети Николе.  

Бесплатната вакцина е од холандско производство, додека комерцијална е од француско. И двете се четири валентни и против инфлуенца од тип „А“.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »