речник контакт

Продолжува намалувањето на активните случаи со ковид-19 во велешко, и денес има починато еден пациент

И во велешка Болница продолжува намалувањето на бројот на хоспитализирани пациенти

Петар Печков

Четврти  ден по ред   во велешко повеќе оздравени отколку ново заразени случаи со ковид-19, покажуваат  податоците од Министерството  за здравство. Изминатите 24 часа има  53 лица кои се оздравени и 33   нови случаи  со ковид-19. Бројот на активни случаи во велешко  падна на  224 лица.

Во велешка Болница  има починато едно лице, жена на 89 годишна возраст од Велес , со коморбидитети и со ковид пневмонија. Со ова бројот на починати од последиците на корона вирусот во велешко е 309 лица.

Во трите  ковид одделенија од велешка Болница згрижени  се 28пациенти, петмина помалку од   вчера . Hа Инфективно  се хоспитализирани  13, на  Интерно  тројца  и на Физикално 12 пациенти. Испишани се двајца    пациенти со  еден негативен тест, ново примен е еден.    

„Потврдено позитивни се 16, непотврден  е еден   и негативни се 11   пациенти но со потреба од болничка нега. Еден пациент,  маж на 80 годишна возраст е префрлен во приватна  клиника во Скопје. На кислородна поддршка се 14 лица“ - кажа д-р Елена Левкова Ќулумова, портпарол на Општа Болница Велес.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »