Петар Печков
Објавено: петок, 15 мај 2020
Во Велес изминатото деноноќие регистрирани се два нови случаи на заразени со ковид-19. Тоа се две лица, едното корона вирусот го добило од член на семејството а второто лице од близок пријател, информираа од Центарот за јавно здравје Велес.
Со тоа бројката на активни случаи о велешко се води 48 лица.
Од нив 20 се на хоспитализирани на Инфективното одделение од велешка Болница, една пациентка е пренесена попладнето на Инфективна клиника во Скопје додека една пациентка е пуштена дома, како оздравена а по двата негативни тестови на земениот брис, информираа од Болницата.
Според СВР Велес вчера има нови девет лица од велешко со решение за изолација и вкупниот број е 123 лица а во самоизолација се 25 лица од велешко.
Tweet |