Петар Печков
Објавено: понеделник, 23 февруари 2026
Од средината на годинава се очекува и во Велес да профункционира системот „Безбеден град“. Ова го најави командирот на Полициска станица Велес Ненад Дејановски, одговорајќи на советничко прашање од Димче Ацков, член на Советот од Левица.
„Процедурата за Безбеден град во Велес е во проектна реализација, направен е план, направена е локација каде ќе бидат поставени камерите. До крајот на седми месец треба да биде реализиран „безбеден град“ Велес. Проектот го работи друг, ние само опслужуваме“ – рече Дејановски.
МВР кој го реализира проектот „Безбеден град“ со најава освен Скопје, Тетово и Куманово, каде од 1 февруари тој се практицира, дека ќе се прошири и во други градови.
„Безбеден град“ функционира и по автопатот коридор 10, делница Велес – Скопје и Скопје –Велес.
| Tweet |




