Петар Печков
Објавено: вторник, 03 април 2007
„Прокредит Банка“ понуди највисока цена на вчерашното (понеделник) јавно наддавање за продажба на градежно земјиште кое е сопственост на Република Македонија.
На лицитацијата која се одржа во Министерството за транспорт и врски а на која учестуваше уште еден заинтересиран потенцијален купувач, Прокредит банка ја доби локацијата за 500 денари за метар квадратен наспроти почетната цена која беше 400 денари.
Германците на овој простор во близината на велешкото езеро Младост, ќе градат голем комплекс за обука на нејзините службеници.
Прокредит Регионалан Академија за источна Еуропа е насловот тренинг центарот, кој веќе е регистриран во Скопје и работи, а изградбата на комплексот треба да биде готов до крајот на годинава.
Тој ќе се простира на 9 хектари и ќе има хотел за 60 лица, спортски терени и други придружни објекти. Тука ќе доаѓаат банкарите на Прокредит банката од 12 земји на ЈИ Европа на тренинг обука. Центарот ќе ги едуцира банкарите на Прокредит од Албанија, БиХ, Романија, Бугарија, Украина, Молдaвија, Србија, Грузија, Русија, Хрватска, Косово и Македонија.
Оваа локација била избрана по долги и студиозни подготовки од страна на инвеститорот во три земји од регионот. Земјиштето е, на стотина метри над двата мотели, покрај стариот пат Велес - Скопје.

Tweet |