Петар Печков
Објавено: среда, 05 април 2023
Пролетните дождови го покачија новото на реката Вардар во Велес. Според УХМР вчера, вторник и денес, среда, наутро измерени се вредности од 120 односно 138 цм во центарот на Велес. За споредба претходно беа измерени 110 цм.
Ова покачување се должи на обилните врнежи кои ја зафатија земјава, посебно во северните делови. Поради тоа притоките на Вардар, реките Треска и Пчиња имаат висок водостој, кој е присутен и утрово, па се очекува дека ова ниво на Вардар во Велес ќе се одржи во текот на денешниот ден.
Tweet |