речник контакт

Промовирана книгата Велес и велешко од 1944 до 1991

Тоа е дело на проф. Виолета Ачкоска во издание на Макавеј

Петар Печков

Во Локалната библиотека „Гоце Делчев“ во Велес, беше промовирана книгата „Велес и велешко(1944-1991)“ од историчарката проф д-р Виолета Ачкоска во издание на „Макавеј“. Ова дело е еден  дел од  обидот за поширок проект на Општина Велес, а кој беше замислен да ја опфати историјата на Велес и велешко од антиката до осамостојувањето на Република Македонија во 1991 година. Но додава, поради низа објективни и субјективни причини тој проект останал необјавен.  Таа го објавува оној дел кој се однесува на поновата историја на Велес и велешко.

Материјалот е истражување кое го водев подолг период, најинтензивно од 1995 до 1997,   претходно четири години истражував. Во тој период имаше несредени фондови, неистражени,  имаше неотворени од новата историја, се сретнав со купишта материјали. За многу прашања немаше одговори, па морав податоците  како извор да  ги користам Архивот на Велес и Македонија.    Има текстови за колективизацијата, за откупот и уништувањето на козите, лица осудувани и испраќани на Голи оток, осудувани за ВМРО. Основна цел ми беше да оставам трага и белег за одредени настани и случувања од Велес и велешко. Воедно, идните млади истражувачи да имаат некоја појдовна основа од каде да тргнат во истражувањето на некои настани од историјата на Велес и велешко кои се опфатени во оваа книга - појасни проф. Ачкоска.

Дел од овој проект се  објавени те дела од авторите  професорите Зоран Тодоровски, Васил Тоциновски. Останува уште да се истражи и пишува за средновековието, антиката, НОБ.  Промоторот на книгата проф д-р Димитар Мирчев истакна дека станува збор за значајно дело не само за Велес, туку и за поновата македонска историриографија и општествена мисла.

Ова дело според мене не е монографија, туку историска студија, која го осветлува повоениот период не само на Велес туки и на Македонија и дава многу нови светла за новата македонска историја, потенцира проф д-р Димитар Мирчев.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »