Петар Печков
Објавено: понеделник, 05 јули 2021
Билкарот Мартин Најдовски, ја издаде неговата прва книга за лековите билки. Книгата „Даровите на големата мајка природа“ изобилува со корисни информации, рецепти и совети за подобро здравје. Таа беше промовирана во текот на вчерашното попладне.
„Се обидов да понудам текстови, информации, кои ги нема во книгите на други билкари, да понудам нешто различно, поинакво. Опфатени се 34 лековити билки, има повеќе од 250 лековите рецепти. Тоа се стари народни рецепти, кои ги нема на интернет. Мене ми ги раскажуваше мојата тетка Лилјана Јовиќ, која беше меѓу првите која се бавеше со билкарство, дел од нив се од моите баби и повеќето е од мое искуство на ова поле“ рече Најдовски.
Книгата може да се набави лично од авторот.
Tweet |