Петар Печков
Објавено: вторник, 11 април 2023
Во медиотеката од градската библиотека Гоце Делев, вчера попладне беше промовирана книгата „Приказна за две деца“ од Наташа Брезовска Богоевска. Книгата е издание на Здружението на лица со церебрална парализа.
„Две деца, од кое едното е со попречености, го раскажуваат нивниот живот од свое гледиште. Како се запознаат, како се пронаоѓаа во играта, како живеат, учат. Целта ми е инклузијата во образованието да наиде на позитивен одѕив во јавноста, кај децата“ - Брезовска Богоевска. Ова е нејзина трата книга, после „Детство “ и „Авантурите на желчето Тео“.
Рецензент и промотор на книгата беше Ефтимија Карбева Лукарова, дефектолог.
„Горда сум што сум промотор на оваа книга, бидејќи сум специјален едукатор рехабилитатор и што имам сестра со посебни потреби имам растено со инклузивноста уште од мале нозе. Читајќи ги приказните се испраќа порака до читателите, добро е како литература, како лектира да бидат прифатени од децата од училишна возраст. Така се развива емпатија, има инклузиивен пристап за лицата со потешкотии во развојот и ретки болести. Сите сме еднакви , посебноста треба да ја почитуваме “ - кажа Карбева Лукарова
Tweet |