Петар Печков
Објавено: среда, 14 октомври 2026
Во медиотеката од Градската библиотека се одржа промоција на книгата „Приказни за оние што ги нема“. Таа е создадена од група автори по иницијатива на Вероника Саздовска Добревска со желба да помогнат во лекувањето на велешанката Ивана Герасимов,
Преку емоции и лични приказни, дел од авторите споделија извадоци од книгата, потсетувајќи дека некои луѓе заминуваат, но нивните приказни продолжуваат да живеат меѓу страниците, во сеќавањата и во срцата на оние што ги сакаат.
Извадоци од сопствените текстови прочитаа авторите Радица Митев, Сузана Божиновска, Стојне Стефанова, Светлана Далевска, Марина Стојанова, Соња Карбева, Габриела Костадинова, Сузана Сојтари Авдовиќ, Алија Авдовиќ и Рате Савев.
фото Градска библиотека Гоце Делчев
| Tweet |







