Петар Печков
Објавено: четврток, 10 декември 2015
Македонската промоција на најновата книга на Васил Тоциновски ,,Ловец на елени,, беше промовирана во родниот Велес, во локалната библиотека. Тоа е негово деветто дело, издадено во Хрватска, финансирано од Советот за национални малцинства и издадена од Заедницата на Македонците во Република Хрватска. ,,Ловец на елени,, е книжевно -историска студија за македонско- хрватските книжевни релации.
Зад поетскиот наслов ,,Ловец на елени,, се крие потрага на трајни вредности, кои ни се малку или воопшто непознати. Тие се однесуваат на одредени книжевни процеси, појави ,автори, дела за релациите на македонско -хрватските книжевни, јазични, културни и дипломатски односи. Тие го опфаќаат периодот од втората половина на 19-ти век до денешни дни. Тука се текстови за работи и состојби за кој малку знаеме - го образложи своето дело авторот Тоциновски.
Тоа неодамна беше промовирани во Самобор, Хрватска на Деновите на Македонската култура во оваа земја. На 8-иот меѓународен фестивал на книгата во Риека ,, Денови на пријателите на книгата,, ова дело ја доби наградата ,,Книжевно перо,,. Книгата ја промовираше литератот м-р Здравко Стојковски.
- ,,Лов на елени,, претставува уште едно од мноштвото богато со податоци дела, кои произлегуваат од неуморниот и творечки дух на авторот Тоциновски. Стилот е лесен и јасен, полн со ведрина и разбирање, со позитивна мисла за тие што пишувам за нивната вредност и дело. Мисла која е преточена во текст станува трајна порака, која се пренесува од човек на човек - изјави Стојковски.
Во книгата може да се прочитаат нови детали за службувањето на Андреја Петкович, родум од велешко Башино село кој наспроти познатите две години службување како генерален конзул на Русија во Риека, тој таму работел две децении. Тоа го покажале документите од италијанската архива, при што Андреја добил највисоки одликувања што можат да ги доделат Рускиот и Австро- унгарскиот император.
Неговиот постар брат Константин, освен што 15 години бил генерален конзул на Русија во Дубровник, новина е што подоцна бил генерален конзул во Бејрут во Либан.
Во ,,Ловецот на елени,, отпечатен е и текст за Рацин, за неговите три помалку познати љубови, наспроти музата Раца.Тоа се за Румена Хаџи Панзова, Невенка Вујиќ и прогонетата од Сибир Марина Поп Иванова со која бил и делегат на 4-тиот конгрес на КПЈ во Дрезден.
Tweet |