Петар Печков
Објавено: четврток, 22 август 2013
Шестата книга по ред на проф. Веле Алексоски беше промовирана во медиотеката од велешката Библиотека Гоце Делчев. Таа е насловена ,,Во одбрана на македонскиот идентитет,,
Моја главна преокупација е националната историја на македонскиот народ, од 19 век па наваму. Во оваа книга имам застапени разговори, интервјуа со македонски патриоти кој сум ги среќавал по Европа, Америка. Вториот дел се раскази од пост воениот период по 1945-та година. Пишувам примери за национализација, колективизација, аграрна реформа по што целосно се запуштија нашите села – изјави Алексоски.
Тој а оваа книга работел 20 години, целиот период на негово творештво. Промоцијата на книгата ,,Во одбрана на македонскиот идентитет,, беше во рамките на Топлиот културен бран, помогната од Министерството за култура и Општина Велес.
Tweet |