речник контакт

Промовирана публикацијата „Синергија во времето“ на визуелниот уметник Страхил Петровски

Таа е резултат на неговата видео инсталација, која ја постави на Спомен Костурницата на 28 септември 2022 година а со истата се претстави и во Париз

Петар Печков

Визуелниот и мултимедијален уметник, м-р Страхил Петровски од Куманово во Велс, во Ликовниот салон ја промовираше неговата публикација „Синергија во  времето“. Таа е резултат на неговата видео инсталација, која ја постави на Спомен Костурницата на 28 септември 2022 година. Со истата се претстави во Париз, Франција.  

„Читањето“ на ова негово патување низ времето е  лично. Хероите и уметниците тоа го заслужуваат. Секој ќе си побара, и ќе најде, своја „приказна“ во ангажманот на Страхил да му вдахне нова? душа на ремек делото на тројцата  автори на Спомен- костурницата. Но, мислам дека потенцијалните лични толкувања ќе морат да се повлечат пред прашањето: зошто баш денес, и зошто баш овде се случува ова дело на Страхил Петровски?! И мојата дребност нема понатаму да завлегува во тој дел на идејата на уметникот, иако таа можеби е најважниот сегмент. Многу современи критичари велат дека интерпретацијата на уметничкото дело е непотребна, тоа или се доживува, или – не. Немам дилеми дека оваа денешна македонска публика ќе умее соодветно да го доживее ова дело на Страхил и без моите сугестии,интерпретации“-кажа Златко Теодосиевски, историчар на уметноста, кој ја промовираше публикација.  

Со видео инсталацијата „Синергија во  времето“ Народниот музеј од Велес се приклучи кон чествувањето на Европските денови на културното наследство, кои се одржаа од 22 до 28 септември 2022 година а темата беше  “Одржливо наследство”.

фото ФБ /Линовен салон

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »