Петар Печков
Објавено: вторник, 28 мај 2019
Промовирана е новата книга, стихозбирката „Исконски дарувања“ дело на велешкиот автор Божидар Јовиќ. Тоа е стихозбирка, негово осмо дело, ова во издание на издавачката куќа „Просветно дело", со поддршка на Клубот на писатели "Коста Солев Рацин", локалната библиотека Гоце Делчев и Општина Велес.
Во оваа стихозбирка на авторот Јовиќ, има наплив на премногу емоции. Сите три дела се со едно посебно чувство, кое го поседува таков човек како што е Божидар. Дарувањата во поетскиот свет имаат исконска вредност, водат кон незаборавното, реалното, кон љубовта која постои во секој од нас - рече Јасмина Георѓиева е еден од промоторите на збирката.
Стихозбирката ,,Исконски дарувања,, е поделена на три дела ,,исконски дарувања,, ,,моминство,, и ,,мајчински дарувања,,.
Книгата плени со својата содржина, затоа што Јовиќ не е автор кој пишува поезија, која ќе го истакне меѓу пријателите и средината каде живее, за да ја задоволи својата суета. Јовиќ е зрела личност со одлична стручна подготовка, големо практично искуство, во градење на човековата, општествената личност. Поезијата во оваа книга произлегува од имагинацијата и на себе својствен начин ги пренесува своите видувања, доживувања и сфаќања истакна промоторот Лила Арсова.
Ова е осма книга на авторот Јовиќ, во издание на Просветно дело, кое ја награди на Саемот на книгата, одржан неодамна во Скопје.
Исконските дарувања се древните времиња кои ги побаруваме во својата совест, кои ги имаме во своето опстојување. На преден план е обединување на јазикот со културата - кажа авторот Јовиќ.
Tweet |