речник контакт

Промовирани две нови општински веб страници

За општинскиот празник, велешани и гостите добија нови општински веб страници, за туризам и електронски административни услуги

Петар Печков

Културните, археолошките, сакралните, урбаните, туристичките и сите други вредности на Велес се промовираат преку новата општинска веб страница. ( http://www.veles.gov.mk/visit ) Таму  ги има туристичкиот водич, патна карта, разгледници, сите  со мотиви од Велес.  Втората веб страница се однесува на електронските услуги со кои корисниците ќе можат на тој начин да ги завршуваат административно- финансиските обврски со локалните власти.

Нашата визија за транспарентна општина, која ги користи современите технологии и постојано излегува во пресрет на потребите на граѓаните и стопанството, се реализира секојдневно со секој нов проект. Хронолошки погледано наназад, реализирани се низа значајни проекти од оваа област, но во различни интересни сфери. Првиот проект има за цел да го промовира Велес како атрактивна туристичка дестинација а вториот да обезбеди лесно и брзо достапни услуги, со што ќе се овозможи целосна двонасочна комуникација, на повеќе од 30 општински услуги – рече градоначалникот на Велес, Горан Петров.

Со втората услуга, граѓаните и стопанствениците ќе можат да поднесуваат барања по електронски пат, да го следат предметот во сите постапки, да имаат увид во реализацијата на општинските активности и издадените документи, д аги плаќаат општинските услуги и административни такси по електронски пат. Овие два  информатички проекти се реализирани со помош на Мајкрософт – Македонија и Логин –Скопје.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »