речник контакт

Промовиран Велешко- Кумановски туристички водич

Дело на учениците средношколци од двата града, од Коле Неделковски и Наце Буѓони

Петар Печков

Туристички водич, за градовите Велес и Куманово беше промовиран  во средното Училиште Коле Неделковски во Велес. Тој е работен заеднички мултиетнички проект  на учениците од ова средно училиште заедно со учениците од средното ,,Наце Буѓони,, од  Куманово. Три месеци учениците од двете училиште преку меѓусебна посета на знаменитостите, црквите, џамиите, музеите,  селата од двете општини и низа од историски објекти, го создале овој водич, потребен и на Велес и на  Куманово.  

 Учениците се вложија максимално во овој проект, го изработија професионално.  Краен резултат е оваа брошура која ќе остане дел од нашите животи, но и од  живеењето на двата града - рече   Гордана Мулева, координатор на проектот  во ,,Коле Неделковски,,.

Проектот беше насловен ,,Градиме мостови,, финансиран од мисијата на ОБСЕ и работен партнерски со  средното училиште Наце Буѓони од Куманово

Брошурата беше работена  заеднички,  кумановци во посета на Велес, велешките ученици во посета во Куманово и така го создадовме овој водич.  Во проектот беа вклучени сите ученици до четирите години, кои посетуваат настава на албански мајчин јазик. Сите места и споменици кои се во брошурата се избор на учениците   - изјави  професор  Наим Мисини координатор на  проектот.

Во водичот има  податоци за Пелинце,  Горно Врановци, Зебрњак, Кумановска бања Кокино, Визијана, Спомен Костурницата,  црквите Св. Пантелејмон и Св. Никола и двете дело на градителот Дамјанов,  кумановската џамија, велешката Фазли Паша џамија.  Брошурата е отпечатена во 50 примероци. 

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »