речник контакт

Промовиран романот за млади и деца “Стојче-бројче“ прво дело на Соња Гаврилова

Хуманоста и благородноста кај децата се вградуваат преку воспитувањето и образовниот процес уште од најмала возраст, за да ги следат низ животот како позитивни карактерни особини- рече авторката Гаврилова

Петар Печков

Велешката роднокрајна авторка Соња Гаврилова го промовираше нејзиниот прв роман за деца и млади „Стоје -бројче“.   Ова дело е резултат на нејзината 38 годишна работа како училиштен психолог во ПОУ  „Маца  Овчарова“.


„Ова мое прво книжевно дело е инспирирано од моето долгогодишно професиоллно искуство и посветеност кон децата. Хуманоста и благородноста кај децата се вградуваат преку воспитувањето и образовниот процес уште од најмала возраст, за да ги следат низ животот како позитивни карактерни особини, со кои ќе израснат во успешни личности, корисни граѓани за семејната и поширока, општествена заедница“ – рече Гаврилова.   Денес, како пензионер, продолжува активно да придонесува кон заедницата.

Во „Стојче-Бројче“ главниот лик, Стојче, со влегувањето во училиштето предизвикува отвора прашања за прифаќањето, различностите, другарството и начинот на кој заедницата се менува кога ќе научи подобро да ги разбира оние кои се различни.

За промоторката Марија Давчевска романот не е дело кое само ќе се прочита и ќе остане на полицата, туку истовремено претставува и едукативен ресурс.

„Таа ја раскажува приказната, но истовремено нè учи.  Романот е  дело кое може да биде значајно и за децата, но и за родителите, наставниците и стручните соработници“ – кажа Давчевска. 

Романот „Стојче-Бројче“ е објавен од велешката издавачка куќа „ЗБОР“,  авторката Гаврилова го посвети  на својата долгогодишна пријателка, колешка и цимерка од канцеларија – Тања Попова.

Романот беше промовиран во медиотеката на Градската библиотека. 

 фото Градска библиотека Гоце Делчев Велес

АНКЕТА »

Каде го минавте летово?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »