Петар Печков
Објавено: среда, 04 ноември 2020
Во Ликовниот салон во Велес беше промовиран романот „Срцето на една жена“ од авторот велешанката, Јасмина Ѓорѓиева. Ова е нејзина петта книга, по четирите збирки поезија.
Романот ја буди заспаната човечност во секој од нас. Животот е убав и за него секој од нас треба да се бори. Овој роман ги руши ставовите и гледиштата и гради вредности - кажа Лила Арсова, која беше промотор на книгата.
Книгата со нејзината содржина нема да ве остави рамнодушни. Во страниците на овој роман се кријат чувствата и борбата на една мајка која благодарение на љубовта кон своите деца чекори напред низ животот.
Авторот Јасмина Ѓорѓиева досега ги издала збирките поезија „Љубовта на младите“ „Скриена игра“,„Дијалог со срцето“ и „Разбојот на соништата“. Таа објаснува дека романот „Срцето на една жена“ е една животна лекција.
Се во животот треба да се прифати како предизвик и да се гледа убавата страна, па и на болката и на неубавите предизвици, дека секогаш може да се стигне до убавото, ако се има желба и верба - рече Ѓорѓиева.
Промоцијата на книгата беше во организација на Локалната библиотека „Гоце Делчев“.
Tweet |