речник контакт

Промовиран романот „2248“ на Емилија Златкова-Анастасова

Тоа е нејзина 11 книга

Петар Печков

Во медиотеката од библиотеката „Гоце Делчев“  беше промовиран  романот „2248" од Емилија Златкова-Анастасова. Таа е од Пробиштип а живее и работи во Велес. Ова е нејзина 11 објавена книга. Темите кои ја инспирираат, за да ги пишува делата се од секојдневниот живот. 

„Многу често се обидувам да истакнам некоја важна човекова карактеристика или проблематика низ градење на интересна приказна. Пример, Неверство за верноста. Одмазда, за простувањето, 2248 и Новогодишна ноќ е за борбеноста на мајките за своите деца. А во 2248 ги претставуваме и децата со аутизам и предизвиците со кои се соочуваат нивните семејства“ – кажа авторката Златкова Анастасова.

Нејзините дела се со широки тематски содржини. Авторка е на  еден роман за деца,  една збирка поезија, една збирка драми, една збирка раскази, седум  романи. Три од нив се  романи  дел од трилогијата Близнаци (Близнаци, Каде е Емили и Невообичаен Велигден). Романот „2248“ е дел од серијалот со детективката Силвија и свештеникот Михаил, кои се крими трилери. Промотор на книгата беше Десанка Николова.

„Пред нас имаме прекрасен психолошки трилер, брилијантен и осторумен крими роман. Станува збор за сочна повеќеслојна  приказна, која актуелизира повеќе прашања, самохраното родителство, децата со аутизам, грешките на системот со вредности“ кажа Николова. 

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »