Петар Печков
Објавено: среда, 28 ноември 2018
По повод 25 ноември денот кога 1939-та во Хрваскиот град Самобор излезе стихозбирката ,,Бели мугри,, денес во медиотеката на Градска библиотека се одржа промоција на аудио стихозбирката ,,Бели мугри,,. Таа е издание на локаната билиотека ,,Гоце Делчев,, и Здружението на слепи лица од Велес и библиотеката со Браево писмо ,,Ратко Пајдаков,,.
Аудио книгата е наменета за слепите лица не само од Македонија туку и пошироко. Но и за останатата популација бидејќи трендовите во светот денес повеќе е да се слуша отколку што се чита, поради зафатеноста - изјави Тони Пајдаков секретар на Здружениото на слепи лица од Велес. Таа е подготена целосно самоиницијативно, од тројца вљубеници во делото на Рацин. Поезијата ја читаат Тодор Крајчев и Игор Крајчев а тон снимател е Тони Пајдаков. Аудио книгата ќе биде достапна до сите членови на Здруженеито на спели лциа на Македонија, кои ќе ја посакаат и бесплатно ќе им биде доставена. Аудио стхозбирката ,,Бели мугри,, е достапна на он лајн аудио библитоеката на Здружението на слепи лица од Македонија, каде имало 300 наслови а неделно била посетувана со пет илјади преслушувања.
Повеќе еминентни македонски автори, членови на Друштвото на писатели на Македонија читаа свои дела посветени на поетот Коста Солев Рацин. Оваа посета е во рамките на карванот на ДПМ кое годинава се практикуваше во повеќе населени места во Македонија - кажа Игор Крајчев директор на велешката билиотека ,,Гоце Делечв. На поетското читање настапија Хирсто Петрески, Кристина Николовска, Весна Чепиошева Мојсовска, Игор Крајчев, Санде Стојечвски и други.
Пред присутните проф. д-р Весна Мојсова -Чепишевска. во пригодната реч рече дека „Рацин води сериозна дискусија со својата традиција, со убавата македонска народна песна“, и дека тој е канон на македонската поезија и литература.
Tweet |