Петар Печков
Објавено: четврток, 08 ноември 2018
Во рамките на 51. Детски Рацинови средби се одржа промоција на публикацијата „Кочо Рацин- живот и дело“. Промоцијата се одржа во Сокачето на поезијата, пред родната куќа на поетот. Промотор беше проф. д-р Васил Тоциновски.
Рацин е творец, генијален дух, кој се раѓа еднаш во столетието. Секој од нас е Рацин, Рацин е секој Македонец. Јазикот на кој твореше Рацин, уште пред да се кодифицира е симфонија на која нема што не може да се преточи, ниту една мисла, ниту едно чувство - рече промоторот Тоциновски.
Автори на делото се Павлина Василева и Марин Клифов, од велешки Народен Музеј а ова е второ издание по тоа од 2014-тата. Издадено е со финансиска поддршка на Министерството за култура.
Има одредени дополнувања во реизданието на публикацијата. Содржината е сублимација на творештвото и животниот пат на Рацин во мал каталог. Таа ќе служи како водич во музејската поставка и спомен куќата на поетот и револуционер. Секој посетител кој би дошол ќе ја добие публикација и во отсуство на кустос водич да ја користи - рече авторот Клифов.
Tweet |