речник контакт

Пронајдена окарина стара 6000 години

Спектакуларна промоција на необичниот инструмент се подготвува во режија на претседателот Црвенковски.

Аница Солева

Окарина, дувачки инструмент , стар 6000 години е пронајден при археолошки испитувања во близината на Велес, дознава „Шпиц“. Во Народниот музеј од Велес ја потврдија информацијата, но ни кажаа дека дополнително ништо не сакаат да ни откријат во интерес на понатамошното истражување, а и во интерес спектакуларната промоција на инструментот, која планирале да ја направат во соработка со претседателот Бранко Црвенковски. „Научниот материјал не е подготвен и немаме официјални информации во врска со ископаниот инструмент. Истражувачите имаат научен проблем и не сакаме да шпекулираме на оваа тема“, изјави Спасе Перковски, директор на велешкиот музеј. Од кабинетот на претседателот не информираа дека Црвенковски деновиве бил во посета на музејот. „Шпиц“ дознава и дека во моментов окарината се наоѓа кај познатиот музичар Драган Даутовски и дека е во исправна состојба. Тој одби да зборува за овој археолошки пронајдок. Окарината е стар дувачки инструмент во форма на флејта. Има овална форма, а на неа се наоѓаат од четири до тринаесет дупки со различна големина. Овој инструмент датира од пред 12000 години. Се јавува во кинеската и во месопотанската култура и најчесто бил дизајниран во форма на животни. Извор: Шпиц

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »