Петар Печков
Објавено: вторник, 22 септември 2020
Изминатите денови на три локации во Македонија, пронајдени се заостанати убоити средства, опаси по гаѓаните. Истите безбедно се отстрани и се чуваат до нивно уништување.
На ден 11.9 во атарот на село Бешиште прилепско пронајдени се 88 рачни бомби од германско потекло од првата светска војна,истите се со оштетени запалки и опасни за транспорт но се транспортирани. На ден 13-ти септември во атарот на село Богородица гевгелиско пронајдено е артилериско зрно 120 мм кое е испукано од цевка и е транспортирано под максимален ризик. На ден 16-ти септември на ул. Илинденска бр.1 во Битола е пронајдено артилериско зрно 75 мм, кое е отстрането - информираше Ефтим Митров раководител на одделението за пиротехника при Дирекцијата за заштита и спасување.
Tweet |