речник контакт

Пронајдено подводно езеро во кратер на Марс

Примероците од површината на Марс, заедно со податоците собрани од орбитерот, на научницте ќе им дадат појасна слика за силите кои ја формирале планетата

Петар Печков

Додека роверот Кјуриозити на НАСА ги краде насловите во медиумите, нов доказ од мисијата на вселенската агенција на Марс открива дека е пронајден влажна подземна околина на планетата.

Новата информација доаѓа од Марс реконеисенс орбитер. Тоа ја анализира површината на Марс од високо над планетата. Една од неговите цели е и дното на кратерот Меклафлин, огромен кратер со ширина од 92 километри, и повеќе од 2,2 километри длабок. Научнците велат дека длабочините на кратерот и овозможуваат на подземната вода, која вообичаено би останала сокриена, да се наталожи во центарот на кратерот.

„Бројни студии покажуваат дека камењата кои биле ископани од потповршината по ударот на метеорит, се појавиле на почетокот на создавањето на Марс, најверојатно од хидрометални течности“, вели Џозеф Михалски од Институтот за планетарни истражувања и водечки автор на истражувањето. „Овие течности кои се заробени во потповршината, можно е во одредени периоди да се појавуваат на површината во длабоки басени, како што се кратерот Меклафлин, при што е можно да содржат докази за можна животна средина под површината“.

Езеро со подземна вода

Научниците велат дека можеле да идентификуваат јаглеродни и глинени материјали во наслоените рамни камења на дното од кратерот. Тие вообичаено се појавуваат во присуство на вода. Велат и дека нема докази за било какви големи канали за прилив на вода во кратерот, што наведува дека на неговото дно постои подземно езеро.

„Се заедно, набљудувањата во кратерот Меклафлин обезбедуваат најдобри докази за формирање на јаглерод во езерска околина, наместо водата да дошла од надвор“, вели Михалски.

Лансирана во 2005, Марс реконеисенс орбит и неговие шест инструменти обезбедија повеќе информации со висока резолуција во врска со црвената планета, отколку сите други орбитери на Марс заедно. Други мисии на Марс покажаа дека водата течела по површината на планетата, но останува нејасно дали водата постоела доволно долго за да обезбеди услови за живот.

Научниците од Наса исто во последен момент прават подготовки за првото дупчење на роверот Кјуриозити. Возилото е на Марс од август минатата година. Се досега, роверот повеќе правеше проверки за работата на системот, и земаше примероци од почвата. Сепак сега во долината наречена Јелоунајф беј, научниците планираат да изнесат на виделина едно од нивните најскапи алатки - ударната дупчалка.

„За првпат го правиме ова на друга планета, ќе пробиеме подлабоко во камената почва, и ќе создадеме енергија со која ќе се напојува роверот“, вели Ешвин Васавада, проектен научник од НАСА.

Анализа на примероците

Роверот Кјуриозити има две минијатурни лаборатории. Во ставање на примероци од дупчењето во нив, тие можат да го анализираат составот на каменот.

„Кога ќе ја анализираме оваа камена прашина, ќе дознаеме во која состојба оваа енергија се задржала во камењата. Дали е влажна? Дали содржи органски компоненти? Под органски мислиме на состојки кои содржат јаглерод. И која била еволуцијата на оваа хемикалија? Еволуцијата на оваа состојба, на влажноста како што очекуваме, била во минатото во времето пред неколку милијарди години“, вели Франциско Диего од Одделот за физика и астрономија на Универзитетскиот колеџ Лондон.

Постои надеж дека примероците од површината на Марс, заедно со податоците собрани од орбитерот, на научницте ќе им дадат појасна слика за силите кои ја формирале планетата.

„Тоа ќе понуди некоја подлабока слика во еволуцијата на целиот сончев систем. Можно е да е тоа местото кое сеуште содржи живот длабоко под површината, па заради сите овие причини, ова останува навистина интересна цел за сите научници“, вели Роберт Мејси од Кралското астрономско друштво.

 текстот е преземен од Ал Џaзира

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »