Петар Печков
Објавено: четврток, 28 февруари 2013
Идентификувано е телото кое уво четвртокот наутро беше видено на Вардар кај Ногаевци. Како што инфомира полицијата, станува збор за 38 годишниот Борче Арсов од Градско, кој на 27 декември, минатата година бил пријавен како исчезнат.
Со оглед на тоа дека телото е во поодмината фаза на распаѓање, се уште не може да се утврди, во какви околности настанала смртта, дали Арсов се удавил или пак можеби станува збор за насилна смрт. Телото е предадено на обдукција која треба да го каже последниот збор, како починал Борче Арсов од Градско
Tweet |