речник контакт

Пронајден починат велешанец во стан спроти Касарна

Од ОЈО Велес информираа дека телото на починатиот е предадено на обдукција и токсиколошка анализа

Петар Печков

Во стан на велешанец, спроти касарна пронајдено е починато машко лице. Била побарана помош од дежурен доктор во служаба за итна помош.

 „Во 4,30 ч. е побарана помош, екипата била во 4,40 ч. при што дежурниот доктор единствено можел  да констатира смрт“ – кажа д-р Василка Пановска началник на службата за итна помош при ЈЗУ Здравствен дом Велес.

Од ОЈО Велес информираа дека телото на починатиот е предадено на обдукција и токсиколошка анализа. Нивните резултати се добивале за 10 дена, така што по тој период ќе може да се кажат деталите за причината за смртта.

„На 29.11.2024 околу 05.00 часот во СВР Велес, од Итна медицинска помош Велес било пријавено дека во дом на улица „Благој Ѓорев“ во Велес бил пронајден починат А.А.(43 год) од Велес “- соопшти Биљана Ѓаковска, портпарол на СВР Велес.

Увидна екипа од СВР Велес извршила увид на местото на смртта.  

АНКЕТА »

На што се греете зимава?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »