Петар Печков
Објавено: петок, 20 јуни 2014
Просветните работници мака мачат за да ги впишат оценките во е-дневникот. Седат со часови на компјутерот било дома или на работа, за да може да се поврзат, но до тоа тешко се доаѓало. Освен време им треба и трпение а останатите обврски и домашни и на училиште., објаснуваат се запоставуваат.
Мораме да ги впишеме оценките во е-дневникот. Но попусто, тешко оди. Јас успеав во два по полноќ во неделата тоа да го сторам. Тогаш се поврзав. Без оглед што беше мината полноќ, немав избор. Наместо да работиме и ги пишуваме свидетелствата мораме да чекаме да се воспостави врска за да ја завршиме оваа обврска. Има колеги што уште не можат да се конектираат – вели наставник од Велес.
Во Македонија има некаде околу 210 што средни што основни училишта, со минимум 30 а некаде и 100-тина наставници или професори. Тоа е вистинска армија од просветари кои треба да се поврзат со е-дневникот и ги впишат оценките. Токму поради ова настануваат проблемите.
Tweet |