речник контакт

Протест со блокада на патот Кавадарци - Дреново, оти државата не им вратила ДДВ за да може да се исплати плата на вработените од „Еуроникел индустри“ (фото)

Со овие средства 1,2 милиони денари, треба да се исплати октомвриската плата

Петар Печков

Три часа беше блокиран патот до Кавадарци до Дреново, од страна на вработените на „Еуроникел индустри“, поранешен Фени.  Во периодот од 12 до 15ч. тие не дозволуваа возилата да ги минат блокадите. Имаат едно барање државата да им ги врати парите од ДДВ, што е законска обврска. Со овие средства 1,2 милиони денари, треба да се исплати октомвриската плата.

„Не бараме пари од Владата, од државата, што не ни следат. Документот помеѓу УЈП и нашата компанија е потпишан на 27 октомври но повраток на ДДВ не е реализиран.  Со неисплатената плати имаме проблеми со здравствено осигурување, деца се разболуваат, трудници треба да одат на боледување. Лошо е за сите вработени, сметките дома стасаа, треба да се платат. ГСОЛ годинава работеше минимално, немавме покачување на плати, бевме на минималец и вработените немаат пари“ - вели Миле Ѓоргиев претседател на синдикатот на „Еуроникел индустри“.

Потсетува дека илјада, што вработени, што кооперанти се во исчекување на натамошната судбина на комбинатот.
На вработените им влева надеж оти печката  уште не е  изгасната, со што веруваат дека  имало заинтересиран купувач  за „Еуроникел индустри“. 

Доколку до понеделник н добијат поврат на ДДВ најавуваат дека ќе го блокираат сообраќајот на  регионалниот пат Градско - Прилеп. Очекуваат да добијат повраток на ДДВ и за септември, за да исплатата плати за ноември.  Од УЈП не откриваат дали и колкав долг кон нив има   „Еуроникел индустри“.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »