речник контакт

Против родово базирано насилство

Мажите не знаат да пеглаат е првата помисла на жената за мажот. Младинска иницијатива за превенција на родово базирано насилство,

Петар Печков

Стереотипи  на жените за мажите се : мажите не знаат да пеглаат, мажите не зборуваат за своите чувства, мажите знаат да поправат се, мажите се похрабри од жените... 

Во Велес од 18 септември започна реализација на младинска иницијатива за превенција на родово базирано насилство, креирана од страна на средношколци, претставници од сите средни училишта во градот. Иницијативата е поддржана од "националната мрежа против насилство врз жените и семејно насилство" како и UN WOMEN organization.

Целта на оваа иницијатива е да се подигне свеста кај младите за формите на родовото базирано насилство, да се охрабрат јавно да зборуваат за тоа и да размислуваат за превенција и минимализирање на РБН.

Учесници на првата врсничка едукација, во рамките на овој проект,  беа учениците од ССОУ "Димитрија Чуповски" од Велес. Околу 60тина ученици дискутираа за разликата помеѓу род и пол, стереотипите и предрасудите, формите на насилство, насилството во средношколските љубовни врски, потребата и начините за превенција на истото како и коментирање на некој екстремни форми на родово базирано насилство коишто ги забележале.
 
Во прилог видео  анкета меѓу велешанки, што тие мислат за мажите:

https://www.youtube.com/watch?feature=player_embedded&v=hIFv5RkqgzA

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »