Петар Печков
Објавено: среда, 21 декември 2022
Младо момче, со наполнети 18 години, удрило лице кое било на погреб на малата Магдалена, која почина во сообраќајна, и побегнало. Настанот се случил пред дворот од црквата Св. Спас. Професорката минала со полесни повреди.
„Возачот возеше право, во лер, сите му викаа запри, запри, тој не реагираше. Почнаа де беагаат кој каде стигна по гробиштата, по улицата а жената ја притисна до ѕидот и побегна“ вели сведок на настанот.
„Вторникот околу 14.40 часот на ул. Прохор Пчињски во Велес ПМВ марка „Форд“ со струмички регистарски ознаки управувано од М.Ј (18 год) од Велес удрило во В.Н (48 год) од Велес. По незгодата возачот на комбето се дал во бегство, но набрзо бил пронајден од страна на полициски службеници од СВР Велес’ - соопшти Ристе Самарџиев, портпарол на СВР Велес.
Во незгодата со телесни повреди се здобила професорката, констатирани во ЈЗУ ОБ Велес.
„Кај пациентката се констатирани повреди на меките делови од телото. Таа е задржана на опсервација во болница“ - кажа д-р Елена Левкова Ќулумова, портпарол на Општа болница Велес. ’
Увид извршила увидна екипа од СВР Велес.
Tweet |