речник контакт

Пукал со пиштол од ќеиф

Е.С. пукал за забава и сеир на минувачите

Петар Печков

На ден 06.05.2010 година во 04,30час. пријавениот Е.С. под дејство на алкохол, на бензинската пумпа Брако Петрол лоцирана на улица Индустриска во Велес, точел гориво во неговиот патнички автомобил.

При тоа, пријавениот носел со себе на појасот пиштол марка чешка зброевка кој го поседувал со дозвола, и во еден момент почнал да вика кон присутните „Сакате ли да пукам, вие да гледате“ , со што ја загрозил личната сигурност и сигурноста на другите .

Од страна на вработените на бензинската пумпа настанот е пријавен во Полициската станица Велес и по брзата интервенција на полициските службеници, лицето е приведено во просториите на полициската станица Велес и задржано, а пиштолот е одземен со Потврда за одземени предмети.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »