Петар Печков
Објавено: среда, 17 јануари 2024
Во текот на вчерашниот ден на подрачјето на Велес и Кавадарци, на повеќе локации во овие два града, како и на Градскиот пазар во Велес, спроведена била превентивна активност во рамките на кампањата на министерството насловена како „Градиме пријателство- создаваме безбедност“.
„Активноста беше фокусирана на превенција од имотни деликти, со посебен акцент на превенцијата од џебни кражби и измами врз постари лица и пензионери. Таа се реализираше преку непосредни средби со граѓаните и во текот на низата разговори, особено оние од повозрасните категории, полициски службеници укажуваа за начините за самозаштита, за сите важни елементи како да се препознаат и превенираат ваквите имотни деликти. Притоа беше нагласено дека еден од суштинските чекори е правовремената комуникација и соработка со полицијата“ - соопштија од МВР.
Оваа превентивна активност во рамки на кампањата „Градиме пријателство -создаваме безбедност“ била реализира преку Отсекот за превенција при Секторот за внатрешни работи Велес .
фото ФБ / МВР
Tweet |