Петар Печков
Објавено: петок, 10 мај 2024
Од есен Велес и љубителите на спортот повторно ќе може да гледаат врвен ракомет. РК Бисинов Фруит ленд е нов суперлигаш на три кола пред крајот од разиграувањето за пласман во елитното друштво, откако вечерва (петок) во салата „Гемиџии“ го совлада тимот на РК Драчево кој е петто пласиран со пет победи од 10 кола.
Велешани славеа со 41:35 (21:16). Победата за домаќинот во ниту еден момент не беше доведена во прашање. По оваа победа РК Бисинов фруит ленд има 13 бодови повеќе од второ пласираниот РК Радовиш кој ниту теооретски не може да го стигне. Во следното коло велешани играат со РК Металург во Скопје.
Последен пат во Супер лига настапуваше РК Борец во сезоната 2018/19.
Tweet |