Петар Печков
Објавено: сабота, 01 јуни 2024
Со победата од 37:27 (17:16) ракометарите на РК Бисинов над РК Јехона, се пласираа во Супер лигата. Во кратката клупска историја, го забележаа најголемиот успех.
Тие ce прваци на Прваата лига, во разигрувањето за пласман во повисок ранг, иако уште пред три кола теоретски го освоија првото место.
Гостиварци дадоа отпор во првото полувреме а во второто велешани ја зголемуваа предноста и на крајот да слават со +10, за голема радост и на ракометарите и на публиката.
РК Бисинов во првиот дел од првенството одигра 12 натпревари, без изгубен бод а во разигрувањето 14 натпревари исто така без пораз, или вкупно 26 без изгубен бод.
На есен во Супер лигата ќе играт 12 екипи, намален број екипи во однос на годинава (16). РК Бисинов ќе игра со РК ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР, РК Вардар, РК Алкалоид, РК Охрид, РК Тиквеш, РК Бутел, РК Пролет, РК Струга, РК Прилеп, МРК Куманово и победникот од баражот помеѓу РК Еурофарм Пелистер 2 и РК Радовиш.
Во Велес последен пат суперлигашки ракомет се играше сезоната 2018/19 кога во ова друштво се натпреваруваше РК Борец.
фото ФБ/ РК Бисинов
Tweet |