Петар Печков
Објавено: петок, 23 август 2024
Ракометната федерација на Македонија ја изврши ждрепката за новата сезона во Супер лигата.
Натпреварите треба да стартуваат викендот на 7/8 септември.
Во првото коло велешки РК Бисинов, новиот член на ова друштво игра во Струга, со истоимената екипа, во второто коло велешани повторно гостуваат, и тоа на РК Вардар а во третото коло го пречекуваат шампионот РК Пелистер Еурофарм.
Супер лига, 2024/25, прво коло:
РК Алкалоид – РК Вардар
РК Радовиш – РК Охрид
РК Бутел Скопје – РК Куманово
РК Прилеп – РК Пролет
РК Тиквеш – РК Еурофарм Пелистер
РК Струга – РК Бисинов
Во новата ракометна сезона 2024/25 МРК Борец ако се натпреварува во Првата лига, ќе настапува во група „А“.
Во неа се девет екипи. Тоа се РК Кччево, РК Астраион – Струмица, РК Јехона, РК Аеродром, РК Еурофарм 2, ГРК Овче Поле, РК Мултиесенс, РК Металург РА.
Согласно ждрепката во првото коло МРК Борец гостува на довчерашниот суперлигаш РК Еурофарм 2 во Битола.
Според планот, прволигашката конкуренција треба да стартува викендот на 14/15 септември.
Tweet |