Петар Печков
Објавено: недела, 06 февруари 2011
Ракометниот суперлигаш Борец се засили со петмина нови ракометари за вториот дел од првенството. Со велешкиот лигаш договори потпишаа Игор Тодоровски десен бек и пикерот Љупчо Игнов, велешани кои се враќаат во матичниот клуб, додека на позајмица од скопски Вардар е добиен Мартин Клинчаров десно крило, а од МРК Вардар за пролетниот дел од првенството добиени се Влатко Јовчевски лево крило и левиот бек Бобан Димовски.
Во РК Борец како спонзор влезе Кочо Анѓушев еден од сопствениците на компанијата Брако, кој најавува силен и амбициозен тим за следната сезона а во оваа да останат во лигата и го избегнат бараж натпреварот. Вториот дел од првенството започнува ан 19-ти февруари, кога Борец е слободен.
Tweet |