речник контакт

РК Борец 1950 ќе игра во Првата ракометна лига

Велес има уште еден, нов член во оваа конкуренција, РК Бисинов Фруит ленд. Двте екипи настапуваат во различни групи

Петар Печков

Велешкиот ракометен прволигаш РК Борец 1950 следната сезона ги продолжува натпреварите во Првата лига. Ова го изјави претседателот на клубот, Душко Крстевски, демантирајќи дека РК Борец 1950 нема да настапува.

„Екипата ќе настапува следната сезона во првата лига. Составот ќе биде изменет и ќе играме со подмлади ракометари. Целта е опстанок“ - кажа Крстевски.   РК Борец 1950 е наследник на клубот кој во 1995 стана првак на Македонија а година претходно го освои и Купот.

Тие првиот настап треба да го имаат овој викенд, играат во групата „Б“. Во првото коло противник треба да им биде РК Преспа. Велес има уште еден,  нов член  во оваа конкуренција, РК Бисинов Фруит ленд во групата „А“.Во првото коло од есенската полу етапа на 10.11 септември РК Бисинов игра дома со РК Текстилец. Тие натпреварите ќе ги играат во салата на ОУ Блаже Конески.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »