Петар Печков
Објавено: четврток, 08 ноември 2018
Средата наутро околу 9 часот во ДПТУ „Брако“ тешко е поврден работник. СВР Велес информираше за несреќата.
Во погон Клинчара, додека лицето Ѓ.Д.(41) од Велес работело на машина за обработка на жица истиот бил вовлечен во машината и приклештен од жицата по што машината автоматски престанала со работа - информаираше Верољуб Додевски портпарол на СВР Велес.
Од ЈЗУ Општа Болница Велес кажаа дека повредениот му е дадена неопходна помош во нивната здравствена институција, при што Ѓ.Д. имал повреди на градите, стокакот, р`бетот, и со животно загрозувачки повреди но во стабилна состојба е пренесен на лекување на Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
Вчера на пладне се случи пожар во новиот дел на градот, близу кружниот тек кај Авона. Старица која е сопственичка завшри во Болница.
Средта во 12,30ч. на улица „Ѓорѓи Војтех“ во стан сопственост на К.М.(77) настанал пожар во една од собите при што е опожарен мебелот. Од страна на теритиројалната против пожарна единица пожарот е локализиран околу 13.30 часот. Сопственичката на станот е пренесена во ЈЗУ Општа болница - Велес каде е задржана на лекување - информираше Додевски портпарол на СВР Велес.
Вчера утро околу 7,30 ч. куче бездомник каснало жител на село Црквино. Според оштениот Сафет Јаворовац (51 год) бил каснат кога одел во поле а кучето го нападнало и каснало во рака. По ова тој побарал лекарска помош во Болница, каде добил неопходни лекарства. Случајот беше потврден од СВР Велес.
Tweet |