речник контакт

Работник се здобил со скршеница на работно место

Настанот разврска ќе добие по изврешната истрага од увидот на лице место

Петар Печков

Вработен во фабрика се повредил на работно место, во болница констатирана тешка телесна повреда.  Откако била дадена неопходната здравствена помош, лицето побарало да си оди дома. Деталите од информациите на велешката полиција и болница. 

„На 29 јуни  во 16:00 часот во СВР Велес било пријавено дека Б.К.(30 год) од Велес на работно место во фабрика во велешко се здобил со тешка телесна повреда“ – соопшти  Ана Милевска портпарол на  СВР Велес.

Тежината  и карактерот на повредата се  констатирани во Општа болница Велес.

„По извршените прегледи и снимања, кај пациентот е констатирана скршница на  зглоб од лева нога. Предложено му е да остане во болница, лицето потпиша документ и замина дома“ – кажа  д-р Анамарија Џунџева портпарол на ЈЗУ Општа болница Велес. 

Известен бил јавен обвинител, а увид извршила увидна екипа од велешката полиција. 

АНКЕТА »

Кој ќе биде нов светски првак во фудбал?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »