Петар Печков
Објавено: петок, 18 септември 2026
Од билтенот на СВР Велес за изминатите 24 часа.
На 17 септември во СВР Велес е пријавено дека во Општа болница Велес со тешка телесна повреда бил донесен Н.М. (21 год) од Велес. Според пријавеното тој се здобил со повредата додека извршувал работни задачи во фабрика во Велес. Известени биле јавен обвинител и трудов инспектор. Според информацијата од велешка болница младито работник се здобил со посекотина и скршеница на прст од рака.
На 17 септември во 16:30 часот, полициски службеници од СВР Велес извршија службен разговор со 15-годишна малолетничка од Велес во присуство на родител. Претходно, на улица „Орце Мартинов“ во Велес бил сопрен мопед „априлиа“ со велешки регистарски ознаки, кој го управувала малолетничката и по преземени мерки и извршени проверки, било констатирано дека мопедот го управувала пред да се стекне со право на управување. По насоки од јавен обвинител мопедот бил одземен.
На 17 септември во 18:30 часот полициски службеници од СВР Велес извршија службен разговор со 17-годишен малолетник од Велес во присуство на родител. Претходно, на крстосница од улиците „Вера Циривири“ и „Ѓорѓи Димитров“ во Велес бил сопрен мопед без регистарски ознаки, кој го управувал малолетникот и по преземени мерки и извршени проверки било констатирано дека мопедот го управувал без положен возачки испит. По насоки од јавен обвинител мопедот бил одземен.
По документирање на настанот полицијата за два настани ќе поднесе соодветен поднесок.
| Tweet |




