Петар Печков
Објавено: вторник, 12 јули 2022
Советот на Општина Велс одлучи времено да се дадат на користење три простории од поранешното ОУ Јордан Хаџи Константинов џинот. Ова е со цел да може Работничкиот универзитет „Благој Страчковски“ непречено да ги продолжи неговите тековни активности.
Точката беше ставена како итна на последната 18-та седница, по барање на градоначалникот Марко Колев и беше едногласно усвоена. Советникот Коста Нојков имаше забелешка во де
„Добро е што ќе дадеме простории каде Работничкиот Универзитет ќе може да продолжи со неговите работни активности. Но сметам дека во одлуката треба да се вметне и член со која инвеститорот на куќата, која при рушењето го сруши и дел до Работничкиот ќе биде задолжен да плаќа месечна наемнина. Тоа е негова обврска најмалку за тоа што го стори со зградата“ - рече Нојков.
Tweet |