Петар Печков
Објавено: недела, 04 јуни 2017
Со победата над екипата на Пари Сен Жермен од Франција, скопски Вардар стана клупски првак на Европа во ракомет. Во финалето на завршницата на Лигата на шампионите, во Келн Вардар славеше со 24:23, со голот на Чупиќ во последната секунда од натпреварот.
Така по големата радост од 2002-та кога Кометал стана Европски првак во ракомет жени, тоа сега им успеа и на машката екипа на Варда.
Можност велешани да им ја честитаат Европската титула на Вардарци ја имаат среда во 19ч. кога во салата Гемиџии ќе се одигра последниот натпревар од плеј офот за титулата првак на Македонија, кога ГРК Борец го дочекува Вардар.
Tweet |